45 лица се во критична состојба и се транспортираат во странство, обдукција е извршена на 15 лица, информира Тошковски

104

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска соопшти дека досега е извршена обдукција на околу 15 лица кои настрадаа во дискотеката во Кочани. Увидот уште се врши, рече Тошковски, а 45 лица се во критична состојба и се транспортираат во странство.

Приведени се пет лица на територијата на СВР Скопје и  СВР Тетово, меѓу кои и поранешен министер.

Според министерот Тошковски, пиротехничките средства кои беа причина за пожарот, ги донел бендот ДНК.

– Концертот било одржан на диво, без писмен договор со изведувачите, истакна Тошковски

Во диското имало 500 лица на продадени 250 билети.

ИЗДВОЕНИ