Најмалку десет лица загинаа, а 45 се повредени во тешката автобуска несреќа што утрово се случи кај Славонски Брод во Хрватска, а како што неофицијално дознаваат хрватските медиуми, се претпоставува дека причина за трагичниот инцидент е заморот на возачот.
Во несреќата има 15 тешко повредени, а едно од нив е мало девојче, изјави денеска хрватскиот министер за здравство Вили Берош.
По посетата на местото на настанот и болницата во Славонски Брод, каде се згрижени повредените, тој рече дека во несреќата учествувале 69 лица, од кои 67 патници и двајца возачи, пренесува Индекс.хр.
– Во несреќата има и малолетни лица, едно девојче е тешко повредено – рече Берош.
Утрово, околу 6,20 часот, полицијата добила дојава дека се случила сообраќајна несреќа на автопатот кај Славонски Брод, во близина на наплатните рампи на јужната лента, во која слетал автобус со косовски национални ознаки.
Како што дознава 24сата.хр, возачите одмарале по Брегана половина час, а потоа се смениле. Се претпоставува дека несреќата била „предизвикана“ поради замор на возачот, наведувапорталот.
Меѓу загинатите е и вториот возач, кој во тоа време одморал. Автобусот возел на линија Франкфурт – Приштина.
ж
Десетмина загинати и 45 повредени во несреќата на косовскиот автобус кај Славонски Брод