Исчистени повеќе депонии во општините Гази Баба, Аеродрoм и Карпош

13

Екипите на јавното претпријатие Комунална Хигиена во изминатото деноноќие расчистиле големи количества отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Гази Баба, Аеродром и Карпош.

Од претпријатието информираат дека на последната станица на автобусот со број  45 во населбата Ченто била отстранета обемна дива депонија составена од приближно 25 кубни метри непрописно одложен кабаст, градежен и органски отпад. Подигнати биле 15 кубни метри пред се градежен и кабаст отпад одложен на јавна површина на улицата „Васко Карангелевски“ во општина Аеродром.

– Екипите на претпријатието интервенираа и на неколку локации во општината Карпош, каде се расчистени 10 кубни метри непрописно одложен отпад на паркингот на спортскиот центар „Борис Трајковски“, како и две диви депонии лоцирани на улиците: „Никола Парапунов“ и „Јуриј Гагарин“, во непосредна близина на ресторанот „Македонска куќа“ – соопштија од ЈП Комунална Хигиена.