44-години помладата девојка на Мик Џегер не гледа проблем: Среќна сум, не размислувам за разликата

478
EPA EFE SARAH YENESEL

Девојката на Мик Џегер, поранешната професионална балерина Мелани Хемрик, не е загрижена поради огромната разлика во годините.

А, Џегер е дури 44 години постар од неа.

„Не размислувам за тоа“, вели Хамрик (37) во интервју за „Сандеј тајмс“.

„Секој си има свое мислење“ – додаде поранешната професионална балерина.

„Ако размислувате за мислењата на другите, без разлика каде сте во животот, ќе имате проблем и ќе го анализирате. Ги спуштив ролетните. Дали сум среќна? Да. Дали луѓето во мојот живот се среќни? Да. Дали повредувам некого? Не. Во ред, тие можат да си ја гледаат својата работа“, вели Хамрик.

Џегер (81) ја запознал својата сегашна девојка во февруари 2014 година на концерт на Ролинг Стоунс во Токио.

Хамрик, тогаш 26.годишна, добила билети за претставата како член на Американскиот балетски театар.

Љубовта се случила на прв поглед.

Неодамна беше објавена веста дека се вериле, но Мелани веднаш го демантираше тоа.