Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска истакна дека никој не можел да ги предвиди размерите на пандемијата на коронавирус и поради тоа Москва ќе извлече заклучоци за својата подготвеност за евентуаелен втор бран.
„Се разбира, никој не може да ги испланира размерите на катастрофата и затоа беше невозможно да се создадат структури на државно ниво и да се предвиди вакво нешто“, рече Лавров во интервју за Раша Тудеј.
Тој, исто така, рече дека сѐ уште не е донесена одлука за обнова на патниот, поморскиот и воздушниот сообраќај со другите земји, дополнувајќи дека за тоа се прашуваат епидемиолозите.
Сепак, тој изрази надеж дека отворањето на границите ќе се случи набрзо.
Извор: МИА