400 УДАРИ ОД ГРОМ ЗА 2 ЧАСА: Омилената дестинација на Македонците на удар на силно невреме/ВИДЕО

383

Силно невреме ја зафати Грција, пренесува „Прототема“. Временските непогоди веќе предизвикаа проблеми на северот на Атика и областите на централна Грција и Самотракија.

Во повеќе делови од земјата веќе има поплави, додека удари од гром предизвикуваат пожари. Националната опсерваторија регистрирала околу 400 удари од гром за два часа.

Врнежите ги погодија градовите Дионис, Агиос Стефанос и Спати. Силен дожд наврна и во Елефсина.

За потсетување, нешто по 12 часот е испратена порака до мобилните телефони на жителите на Атика поради влошување на времето во следните неколку дена. Главните карактеристики на лошото време се дожд, невреме и грмежи.

Особено драматично беше во Солун, каде поројните води драстично го забавија и го прекинаа сообраќајот. Контејнерите за ѓубре беа дури и по улиците.