Професионалците за чистење на домови имаат одлични трикови како работата по дома да се направи брзо и квалитетно, особена сега во време на експанзија на корона вирусот. Тврдат дека одлична превентива е чист дом. Еве што тие нѐ советуваат, како да бидеме ефикасни и да не го вознемируваме целото семејство кое сега е дома.

Многумина ќе се сложат дека чистењето по дома ни одзема многу време и тоа секојдневно. Првиот совет е искуство кое експертите го пресликале од еден хотел.

Жената што чистела во собата сите површини прво ги испрскала со средство против прашина и излегла од собата. За две минути се вратила и со сува крпа ги пребришала сите површини. Целата соба сјаела и од чисто и мирисала убаво. Сигурно не сте помислиле дека тоа можете да го направите со едно средство – на пример со оние благи средства со мирис на лимон или пак со спреј за стакло.

Експертите советуваат: Никогаш немојте да чистите една по една просторија. Овој начин е преспор. Зошто?

Зашто во една просторија имате да направите многу работи. На пример да соберете пајажина, да го избршете подот, да избришете прашина од површините. За сето тоа требаат различни средства и помагала.

Префрлањето од една работа на друга заморува и ни го одзема вниманието. Затоа на пример соберете пајажина во целата куќа или поминете со правосмукалка низ целата куќа, а не соба по соба. Ќе видите дека е многу полесно и побрзо се средува домот.

Еве ви користен пример како да го распоредите чистењето на домот. На вас останува од кој дел на станот ќе почнете, лево или десно, горе или доле.

1.Избришете прашина

Земете неколку крпи за чистење со микро влакна и избришете прашина од комодите, полиците, телевизорот, масата, од рамките за слики.

  1. Средете го мебелот од ткаенина

Поминете низ куќата, ако треба сменете ја постелнината, јастучниците, чаршавите на маса, навлаките на малите јастучиња во дневната соба.

3.Избршете ги сите стакла и огледала

Подгответе средство за чистење и потребни крпи или хартии и очистете ги стаклата. Ако додадете неколку капки лимон домот ќе ви мириса посвежо.

4.Пребришете брзо со адекватно средство

Површините од кои ја избришавте прашината сега можете да го пребришете со средство наменето за тие површини.

5.Очистете ја бањата и кујната

Најпрво нанесете средство за чистење на мијалникот, шпоретот во кујната, потоа во лавабото во бањата, веце-школката, туш-кабината, кадата. Откога се е нанесено тргнете од делот каде прво нанесовте средство-од кујната. Колку подолго стојат тие средства полесно ќе се чисти и маснотијата и нечистотијата.

  1. Поминете со правосмукалка

Откако ќе ги исчистите сите површини треба да се помине со правосмукалка. Оваа постапка доаѓа на крај зашто при движење низ куќата дел од прашината може да падне на подот

  1. Исчистете со џогер

На крај подните површини поминете ги со џогер. Нека бидат тоа разблажени средства за дезинфекција.

(Л.Г.Д.)