Поплавени куќи, дворови, паднати дрвја, бандери, откачени лимови, олуци, оштетени покриви…

873

Добиена е пријава за блокиран локален пат за селото Вејце на Шар Планина, како и патот кај тетовската касарна, којшто е преполн со вода и каде што имало едно заглавено возило. Имало затнати канализации во горниот дел од Тетово и во Голема Речица. Во Скопје имало пријава за лимен покрив кој претставувал опасност да падне на улицата „23 Октомври“ спроти зградата со број 15, а поради паднато дрво кај клучката Радишани кон Бутел сообраќајот бил прекинат. Била добиена и пријава за откачен олук на булеварот „АСНОМ“ број 12, за што била известена Општина Аеродром, а имало и пријава за поплавен подрум на улицата „84“.

Целосно се уништени дел од земјоделските посеви од невремето во Тетовско, а со тоа и сиот труд и вложени средства на земјоделците. Поројниот дожд и градот не остави ништо на нивите во тетовското село Сиричино. Селаните велат дека штетите се големи, а доцна е повторно да се засеат

Силно невреме со обилен и интензивен пороен дожд, засилен ветер и појава на град, вчера повторно ги погоди прво Тетовско, а потоа и Скопско и Кумановско, како и нивната околина, кое беше предизвикано од интензивна нестабилна воздушна маса.

– Невремето имаше правец на движење од западниот кон источниот дел од град Скопје. Околу Скопската котлина и околу Куманово имаше неколку развиени јадра на невремето, различни по интензитетот, силината – информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во ЦУК на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 биле добиени повеќе пријави, а и сè уште се добиваат од Тетовско, Скопско и Кумановско за поплавени површини, дворови, подруми, куќи, објекти, паднати дрвја, бандери, столбови, оштетени куќи, откачени лимови, олуци, оштетени покриви, оштетени автомобили и сл.

– Добиена е пријава за блокиран локален пат за селото Вејце на Шар Планина, како и патот кај тетовската касарна кој што е преполн со вода и каде имало едно заглавено возило. Имало затнати канализации во горниот дел од градот и во Голема Речица, а големо количество вода има навлезено во приватни куќи, во дворови и подруми. Општинскиот кризен штаб беше активен и ЈКП „Канализација“ од Тетово и другите надлежни општински служби и институции испраќаа свои тимови и поединци да интервенираат- соопштија од ЦУК.

Оттаму информираат и дека вработен во ресторанот „Шари“ во Лисец (Општина Тетово) на 112 во ЦУК пријавил дека од невремето се оштетени повеќе возила паркирани на паркинг пред угостителскиот објект.

Во Скопје, пак, имало пријава за лимен покрив кој претставувал опасност да падне на улицата „23 Октомври“, спроти зградата со број 15, а поради паднато дрво кај клучката Радишани кон Бутел сообраќајот бил прекинат.

Била добиена и пријава за откачен олук на булеварот „АСНОМ“ број 12, за што била известена Општина Аеродром, а имало и пријава за поплавен подрум на улицата „84“.

Како што наведуваат од ЦУК според информации од УХМР до утре ќе се задржи променливо облачно, нестабилно и малку посвежо време со пороен дожд и грмежи. Утре на повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд (над 30 литри на квадратен метар) за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 километри на час) и град.

За време на викендот времето ќе биде стабилно и потопло, а од понеделник кон крајот на денот повторно се очекува локален пороен дожд и грмежи.

Затоа, за граѓаните се препорачува на внимателност пред и за време на најавените локални метеоролошки нестабилности.

Општините и при претходнито невреме веднаш излегоа на терен и ги упатија граѓаните да ги пријавуваат штетите.

Уништен сиот труд на земјоделците во Тетово и Тетовско

Целосно се уништени дел од земјоделските посеви од невремето во Тетовско, а со тоа и сиот труд и вложени средства на земјоделците. Поројниот дожд и градот не остави ништо на нивите во тетовското село Сиричино. Селаните велат дека штетите се големи, а доцна е повторно да се засеат.

Увид во штетите прават општинските комисии, а усвоените барања на Совет ќе се достават до Второстепена комисија. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, вели дека земјоделците треба да ги осигуруваат своите имоти, додека за конкретните штети висината на обесштетувањето ќе се утврдува по изготвување на елаборатите.

(А.П.)