Кисела Вода дел од „Европскиот младински фестивал 2025“

52

Се работи за најголемиот спортски настан, кој ќе биде поддржан од Општина Кисела Вода, кој првпат се одржува во Македонија и кој на едно место ќе собере 4.000 учесници од 49 земји од Европа. Од 20 до 26 јули 2025 година, ќе се натпреваруваат младински екипи во 15 спорта. Како што е договорено, ќе има спортски настани на повеќе локации во Скопје и во Куманово, а во салата во ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ во Кисела Вода ќе се одржат натпреварите во бадминтон

 

Во основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“ во Кисела Вода, денеска се одржа подготвителен настан за претстојниот Европски младински олимписки фестивал 2025 година. Се работи за најголемиот спортски настан, кој ќе биде поддржан од Општина Кисела Вода, кој првпат се одржува во Македонија и кој на едно место ќе собере 4.000 учесници од 49 земји од Европа.

Од 20 до 26 јули 2025 година, ќе се натпреваруваат младински екипи во 15 спорта. Како што е договорено, ќе има спортски настани на повеќе локации во Скопје и во Куманово, а во салата во ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ во Кисела Вода ќе се одржат натпреварите во бадминтон.

– Фокусот на фестивалот е да ги обедини младите од цела Европа преку спортот, да ги промовира пријателството, солидарноста и врвниот спорт. Како општина што континуирано вложува во спортот, ни претставува особена чест што е препознаена нашата посветеност. Инвестиравме во десетици спортски терени, современи сали и комплекси и благодарение на тие резултати, денес Кисела Вода е дел од ова најзначајно спортско случување за младите во Европа. Општина Кисела Вода ќе продолжи да дава активен придонес во реализацијата на фестивалот и ќе остане доследна на својата визија: преку спортот да создава здрави генерации, силна заедница и европска иднина – изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој заедно со претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димовски, и со делегација од 49 земји присуствува во салата во ООУ „Невена Георгиева-Дуња”.

(А. П.)

ИЗДВОЕНИ