Фекална канализација и нов асфалт на улицата „25“ во Припор

6

По половина век, жителите од улицата ,,25” во Припор добиваат целосна фекална канализација и нов асфалт.

Станува збор за фекална канализација во должина од 530 метри, а по нејзиното завршување, започнато е и со асфалтирање на улицата која опфаќа површина од 1.600 квадратни метри.

Оваа улица за првпат била изградена од самопридонес на жителите, а видливите оштетувања беа сериозен проблем во извршување на секојдневните потреби.