Бутел 2 добива нова градинка

165

По 60 години Бутел 2 добива нова градинка, а стариот и дотраен објект ќе биде урнат. Над 200 дечиња ќе добијат пристојни услови да го поминуваат своето детство.

Станува збор за објект со површина од 1.800 квадратни метри кои ќе бидат доволни да ги задоволат барањата на оваа населба, а инвестицијата е над 100 милиони денари.

Градинката ќе има три влеза, седум занимални со седум спални соби, две занимални со заеднички спални соби и една модерна просторија за јасли. Ќе има и посебна просторија за изолација и медицинска сестра како и млечна кујна.

Премиерот Христијан Мицкоски на поставувањето на камен темелникот нагласи дека има и одредена симболика за овој објект.

-Тука е мешана етничка средина, има дечиња и од македонска и од албанска национална припадност. Инвестициите во ваквата инфраструктура мора да бидат подеднакви затоа што подеднакво треба да се грижиме за решенија на проблемите кои ги засегаат сите граѓани – изјави Мицкоски.

Новиот објект ќе биде финилизиран за околу 18 месеци.