Пониски производните цени на производителите на индустриски производи

65

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во декември 2019 година се пониски за 1,8 отсто на месечно ниво, а се повисоки за 1,5 проценти на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со ноември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5,1 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 1,5 и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,3 отсто. Во споредба, пак, со декември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 6,3  отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,2 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 2,3 проценти.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во декември 2019 година се пониски 2,8 отсто на месечно ниво, а се повисоки за 1,7 отсто на годишно ниво.

Во споредба со ноември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 6,9 проценти, а во секторот Преработувачка индустрија за 2,5 проценти.

Во однос на декември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 10,9 проценти, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 3.0  отсто.