На деветмина од вкупно уапсените 23 осомничени во акцијата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и Министерството за внатрешни работи (МВР), судот вчера им одредил мерка притвор од 30 дена, соопштија од Кривичен.
Акцијата беше насочена за разбивање на две криминални групи кои преку разработена шема на примање и давање поткуп правеле злоупотреби во постапката за остварување права за надоместок за помош и нега од друго лице и незаконско стекнување право на инвалидска пензија.
Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, кои во текот на вчерашниот ден постапуваа по предлогот на Јавниот обвинител за определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост против 24 лица од кои 23 беа спроведени во судот а едно лице сеуште не е недостапно за органите на спровод, осомничени за повеќе кривични дела, а поврзани со акцијата на ОЈО ГОКК за злоупотреби со утврдување услови за добивање парична помош за туѓа нега и помош за лица со попреченост и неспособност за самостојно живеење.
„Донесоа решенија, согласно предлогот на Јавниот обвинител и нивното произнесување пред судиите на претходна постапка со кои :На 9 лица им се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1, 2 и 3 од ЗКП; На 5 лица им определи мерка куќен притвор; Додека на 9 лица им определи мерки на претпазливост согласно чл. 146 ст.1 т 2 и 3 од ЗКП, односно Обврска обвинетиот да се јавува во судот или на овластено службено лице, и Привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова“, велат од судот.