28 минути „пекол“ во Москва, приврзаниците се плашат од „изненадувања“: Светот ќе се прости од Алексеј Навални

655

Денеска во Москва треба да се одржи погребот на Алексеј Навални, но членовите на неговиот тим тврдат дека се уште се соочуваат со големи проблеми.

Портпаролката на најпознатиот руски опозициски лидер, кој беше пронајден мртов во озлогласениот затвор на 16 февруари, Кира Jармиш, потврди дека не можеле да најдат ниту погребна кола за да го однесат телото во црквата. „Непознати лица се јавуваат во мртовечници и им се закануваат“, рече таа.

Претходно беше најавено дека погребната церемонија треба да се одржи во местото Марjино, кое се наоѓа на периферијата на Москва, а планираниот почеток на комеморативниот собир е закажан за 14 часот по московско време, односно 12 часот по наше време.

Самиот погреб е закажан за 16 часот по локално време, а треба да се емитува во живо на каналот на Навални на Јутјуб. Тимот на Навални ги покани луѓето да присуствуваат на комеморацијата и погребот и им дадоа мапи од рутата меѓу двете локации, а според нив таа прошетка треба да трае околу 28 минути.

Сепак, останува нејасно колку луѓе ќе присуствуваат на погребот во Москва. Говорејќи за Би-Би-Си, поранешниот шеф на кабинетот на Навални, Леонид Волков, призна дека е крајно загрижен за тоа што може да се случи за време на неговата служба во Москва.

„Се плашам дека може да се очекуваат изненадувања. Искрено, додека зборувам сега, не знам дали навистина ќе дозволат луѓето да се збогуваат со Алексеј“, рече тој.

Тие споделија и список на места во странство – од Сеул до Рим, Монтреал и Стокхолм – каде што луѓето можат да се приклучат на комеморацијата за Навални.

Сепак, останува нејасно колку луѓе ќе присуствуваат на погребот во Москва. Говорејќи за Би-Би-Си, поранешниот шеф на кабинетот на Навални, Леонид Волков, призна дека е крајно загрижен за тоа што може да се случи за време на службата во Москва.

„Се плашам дека може да се очекуваат изненадувања. Искрено, додека зборувам сега, не знам дали навистина ќе дозволат луѓето да се збогуваат со Алексеј“, рече тој.