Во Општина Ѓорче Петров денеска беа доделени 27 решенија за трансформација на работниот однос на наставници од сите шест основни училишта во општината.
-По седум години, овие наставници конечно добија неопределено работно време, што претставува значаен чекор кон обезбедување стабилност и сигурност во наставниот кадар – соопштија од Општина Ѓорче Петров.
Градоначалникот, Александар Стојкоски, истакна дека со оваа одлука се овозможува стабилност и се подобруваат условите за работа, што директно влијае на квалитетот на наставата.
Тој нагласи дека Општината активно работи на подобрување на инфраструктурните услови во училиштата, со тековни проекти за реконструкција на училишни објекти и создавање подобри услови за учениците и наставниците.