МЗ: 27 пациенти одат на лечење во Бугарија, Турција и во Грција

661

Министерството за здравство информира дека во моментот се организира авионски транспорт за најтешко повредените 27 во пожарот во дискотеката во Кочани.

Пет пациенти се упатуваат на лекување во Бугарија, од кои двајца се од Хируршката клиника „Св. Наум Охридски” и тројца од ТОАРИЛУЦ.

Во Турција на лекување ќе се упатат тројца пациенти од ТОАРИЛУЦ и шест од ГОБ ,,8 Септември”.

Исто така, за Грција со возила на ИМП се транспортирани тројца пациенти од ТОАРИЛУЦ.Со возила на ИМП ќе бидат транспортирани уште пет пациенти за Бугарија и пет за Србија.

ТВ21 има дека осум пациенти ќе одат во Бугарија, односно ќе се пренесат во болницте Пирогов во Софија и во Варна.

ИЗДВОЕНИ