Ризото со шафран

275

Секој што го пробал, верува дека ризотото со шафран е највкусното ризото, а за да поверувате во тоа само треба да го пробате. Не е многу тешко да се направи добро ризото, само треба да се придржувате до одредени правила, да имате малку повеќе концентрација додека мешате, не дозволувајќи да загори, и тоа е сѐ.

За идеално ризото треба да се користи ориз од видот арборио, кој има многу скроб и му ја дава идеалната креместа текстура на ризотото. Сличен ефект можете да постигнете и со кочанскиот ориз.

Потребно е:

  • 1/4 лажица шафран
  • 4 лажици путер
  • 2 кромиди, ситно исечкани
  • 1 парче свеж ѓумбирн, сомелен
  • 2 чаши зеленчук
  • 2 чаши ориз

Масала

  • 2 лажици сол
  • 1 стапче цимет, искршено на неколку парчиња
  • 4 каранфилчиња

Приготвување:
Ставете го шафранот во топла вода. Измијте го оризот и оставете го да кисне со шафранот околу половина час. Загрејте го путерот во вок тава или тавче на умерена температура. Додајте го кромидот и мешајте полека додека кромидот да почне да ја менува бојата. Додадете ги ѓумбирот и зеленчукот и мешајте околу две минути. Сега можете да го додадете оризот и мешајте додека оризот да застакли, околу 2-5 минути. Додадете ги зачините за марсалата. Потоа додадете вода или бујон од зеленчук да се покрие оризот, најмногу три чаши. Откако сето тоа ќе зоврие, покријте го садот, и оставете да се готви на многу ниска температура додека зрната ориз да омекнат, ама да останат цврсти.

Оставете го зготвениот ориз да одмори десетина минути, а потоа нежно размешајте го со вилушка пред сервирање. Украсете со ливчиња коријандер.