Во Хрватска за денеска е најавен бојот на трговските синцири. Се започна со пораки кои масовно се споделуваат на социјалните мрежи, пренесува хрватски Индекс.
„24.01. во Хрватска е бојкот против високите цени на храната. Се повикуваат луѓето на тој ден никој ништо да не купува, ама буквално ништо. Погрижете се тој ден да се однесувате како да е недела. Во ОК се случи истото со горовиото, вториот ден пад цената за 15 п за литар и дури ги зголемија платите за 100 фунти месечно. Десето отсто од луѓето ако го сторат тоа е голема загуба за трговските синцири, а вие тој ден нема да изгубитено апсолутно ништо“, стои меѓу дрогото, во поркаите кои се споделуваат масовно.
Идејата заживеа, а освен здруженијата на потрошувачи, на бојкот повикуваат јавни и познати личности, синдикалисти, политички партии, дури и двајца министри. Економистите се скептични.