
Градоначалникот на Нови Сад, Жарко Миќин, ја прогласи неделата, 23 март за Ден на жалост во градот, поради смртта на Вукашин Црнчевиќ (19), кој им подлегна на повредите здобиени вчера кога се урна настрешница пред Железничката станица во Нови Сад, прнесува Бета.
Студентите кои синоќа го блокираа Универзитетот во Нови Сад, саботата 22 март ја прогласија за Ден на жалост за смртта на средношколец.
„Сабота, 22 март, ја прогласуваме за Ден на жалост со ужаленото семејство Црнчевиќ, кое го загуби Вукашин по долга и тешка борба“, се вели во синоќешното соопштение на Студентите во Блокада.
Воено-медицинската академија (ВМА) вчера потврди дека Црнчевиќ е 16-та жртва во несреќата што се случи на 1 ноември 2024 година.
Тој е примен на ВМА на 29 јануари годинава по лекување во Клиничкиот центар во Војводина.
„И покрај сите преземени мерки за лекување и максималната посветеност на персоналот на ММА, пациентот им подлегна на сложените повреди и компликации“, соопштија претходно од ВМА.