Се реконструираат краците на улицата ,,Христо Татарчев” во Кисела Вода. Се работи за kracite 1,7, 9 и 11, со вкупна површина од 3.500 квадратни метри кои со децении биле заборавени од минатите локални власти.
Според она што го изјави градоначалникот на Општина Кисела, Орце Ѓорѓиевски, се работи за улици кои не биле реконтруирани четири децении.
– Она за кое со доаѓањето на градоначалничката функција дадов збор пред мојот народ, а тоа е дека до крајот на мандатот нема да има неасфалтирани улици во Кисела Вода, се остварува според утврдениот план. Реконструкцијата на целата патна инфраструктура во Кисела Вода беше голем предизвик. И денес, со гордост можам да кажам дека направивме повеќе од предвиденото, си поставивме цел и докажавме дека со многу труд, посветеност и желба за работа се стигнува до целта – истакна Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека целта е населбите во општината да бидат модерни и да ги нудат сите потребни услови за живеење.