Дождот го одложи отворањето на „Гола месечина“

346

Отворањето на меѓународниот фестивалт на комедијата „Гола месечина“ се одложува за утре поради лошите временски услови.

Од Општина Аеродром соопштија дека стендап-настапот на Антонио Ташковски и Никола Тодоровски се одложува за утре, со почеток од 19 часот, по што ќе настапи групата „Импров“, како што првично беше предвидено.

Следните настапи ќе се одржат според објавениот репертоар во паркот „Авионче“, а сите претстави почнуваат во  20 часот.