На дивиот паркинг кај Даут пашиниот амам на тревна површина на дел од паркот „Ибни Пајко“ се паркират возила и го уништуваат системот за наводнување. – Нашите екипи веднаш пристапуваат кон санација на оштетувањата, меѓутоа истата слика се повторува секојдневно. Дежурните лица повторно затекнаа искршени и украдени прскалки кои ќе бидат заменети со нови, се пожалија од ЈП „Паркови и зеленило“ и потенцираат дека во доцните вечерни часови од 23 до 5 часот изутрина ја полеваат тревата за да се избегне испарување на водата во текот на денот
Од почетокот на сезоната, јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ се соочува со секојдневен проблем предизвикан од страна на несовесни граѓани. На дивиот паркинг кај Даут пашиниот амам на тревна површина на дел од паркот „Ибни Пајко“ се паркират возила и го уништуваат системот за наводнување.
-Нашите екипи веднаш пристапуваат кон санација на оштетувањата, меѓутоа истата слика се повторува секојдневно. Дежурните лица повторно затекнаа искршени и украдени прскалки кои ќе бидат заменети со нови. Останатите активности редовно ги спроведуваме: ја косиме тревната површина редовно како би ја одржале оптималната висина , собираме откос, хартија и отпадоци и истата маса ја товариме и изнесуваме. Вршиме и полевање на тревата во доцните вечерни часови од 23 до 5 часот изутрина поради апел за рационално користење на водата објавен од страна на ЈП „Водовод и канализација“, а и за да се избегне испарување на водата поради високите температури во текот на денот – соопштија од ЈП „Паркови и зеленило“.
Од претпријатието апелираат до сите граѓани да не ја уништуваат урбаната опрема за добробит на сите.
Инаку, паркот „Ибни Пајко“ е сместен во срцето на некогашно Пајко Маало, на просторот помеѓу Национална филхармонија и Даут-пашиниот амам со површина од 11.000 квадратни метри. Исполнет е со функционална урбана опрема, старо и ново зеленило, со тревна површина од околу 7.500 квадратни метри, поставен е систем за наводнување со прскалки и е редовно одржуван од страна на екипи на ЈП „Паркови и зеленило“.