КОВЗ ги додели годишните признанија: „Вељо Манчевски“, постхумно за претседателот Борис Трајковски

Наградата „Вељо Манчевски“ за првпат беше доделена во 2022 година. Се доделува за особен придонес во верската сфера на правни и физички лица кои кои со својот ангажман, активност и долгогодишен труд трајно оставиле значајни траги и се вградиле во развојот и продлабочувањето на различни значајни сегменти во верската сфера. “Благодарам на сите што сте тука. Кога некој вечерва ќе ја погледне оваа сала може да ја види Македонија во мало. Може да го види тоа за што сите говорат, дека овде е соживот, истакна на доделувањата на Признанијата директорката на Комисијата, Оливера Трајковска.

14

Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи во вторникот, Филхармонија ги додели признанијата „Вељо Манчевски” на свечена академија што беше организирана по трет пат.

Добитник на наградата од Македонската православна црква е академик Ѓорги Поп Атанасов. Од Католичката црква признанието го доби сестра Наталија Стојанова, од Исламската верска заедница, Идриз ефенди Идризи, а од Еврејската, д-р Самуел Садикарио- Коломонос. Од Евангелско методистичката црква, оваа година, наградата постхумно му беше доделена на трагично починатиот претседател Борис Трајковски.

Признанијата ги додели директорката на Комисијата, Оливера Трајковска.

-Благодарам на сите што сте тука. Кога некој вечерва ќе ја погледне оваа сала може да ја види Македонија во мало. Може да го види тоа за што сите говорат, дека овде е соживот, дека ова е слика на соживотот, слика на мирот, нагласи Трајковска.

Покровителката на манифестацијата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова истакна дека доделувањето на наградите е лична благодарност и длабока вдахновена извонредност.
– Како земја на солидарност, толеранција и посветеност, се надевам дека ова признание успешно ќе продолжи да ги инспирира сите поттикнувачи на општествениот прогрес и гордо да сведочи за нераскинливата врска помеѓу духовноста и националниот развој. Градење на татковината како просперитетно место за живеење, држава во која владее правото, моралните вредности, хуманоста и солидарноста е пат полн со доблести, во кој вие сте неизоставен дел. Мали се зборовите за вашата големина, истакна македонската претседателка.

 

Наградата „Вељо Манчевски“ за првпат беше доделена во 2022 година. Се доделува за особен придонес во верската сфера на правни и физички лица кои кои со својот ангажман, активност и долгогодишен труд трајно оставиле значајни траги и се вградиле во развојот и продлабочувањето на различни значајни сегменти во верската сфера. Вељо Манчевски е првиот верски референт на Македонија од 1943 година, раководител на Верското поверенство при Главниот штаб на Партизанските одреди на Македонија, учесник во НОБ и член на АСНОМ, свештеник и човек кој го има поставено темелот на односот на државата со црквите и верските заедници, меѓуверското разбирање, соработка, дијалог и почитувањето на верските слободи и права на секој македонски граѓанин. (Б.Ѓ.)