Со рачен фрлач пукано во кафуле во Мавровка

96

Силна експлозија вчеравечер ги вознемири скопјани, кога бил испукан проектил со рачен фрлач во кафуле што се наоѓа во ТЦ „Мавровка“.

Од МВР го потврдуваат настанот и велат дека нема повредени лица.

„На 4.2.2019, околу 1.35 часот пријавено е дека во угостителски објект на бул. Крсте Мисирков во Скопје, кој во тоа време не работел, бил испукан проектил од рачен фрлач. Повредени лица нема. Според пријавеното, оштетени се стакла од објектот, како и од околните дуќани. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот“, соопштија од МВР.