18 лица примени ноќеска на Токсикологија со акутно труење од алкохол!

23

На Токсикологија за време на новогодишната ноќ се примени помалку пациенти споредено со претходните години. Директорот на клиниката, д-р Андон Чибишев, информира дека вкупно 22 пациенти побарале медицинска помош.

„Од 22 прегледани пациенти, 18 се со акутни труења од алкохол. Четири од нив се жени, а 14 мажи. Сите пациенти се пуштени на домашно лекување,“ изјави Чибишев.

„Најмладата пациентка меѓу жените има 17 години, додека најстарата е на 26 години. Кај мажите, најмладиот пациент има 14 години, а најстариот е 38 години,“ додаде директорот.

Меѓу пријавените случаи има и пациент кој измешал алкохол со таблети, што дополнително го усложнило неговиот случај.

ИЗДВОЕНИ