150 семејства со новороденче добија по 7.000 денари

70

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски вчера лично врачи 150 решенија за еднократна парична помош за новороденчиња во износ од по 7.000 денари.

-Новите членови на семејството носат најголема среќа, безброј насмевки и милувања, но и големи предизвици. Се надевам дека оваа наша помош ќе покрие дел од семејниот буџет кој во овој период има дополнителни трошоци. Ова се најсреќни мигови во вашиот живот, уживајте, посветете се, затоа што најважната грижа е грижата за семејството и тоа да биде здраво и среќно. Општина Центар непрекинато ќе работи да им обезбеди безгрижно и исполнето детство – порача Герасимовски.

Покрај еднократната парична помош, семејствата на новите жители на општината добија и пакет производи од  општествено одговорни компании, како и педијатриски услуги.

Општина Центар редовно доделува еднократна парична помош за новите родители во рамки на проектите од областа на детската заштита и грижата за најмладите жители на Општината.