140 основци со симптоми на труење во скопски Аеродром!

23

Основци од училиште во скопски Аеродром се пожалиле на стомачни тегоби, дијареја и повраќање. Дел од родителите на учениците реагирале дека по оброкот за ручек, од вчера до денеска, многу од нивните деца се жалеле на здравствени проблеми. Тие посочуваат дека постои сомнеж за труење со храната која се доставува од надворешна фирма.

– Во раните утрински часови одреден број од наставниците пријавија зголемен број отсутни ученици со исти симптоми. Како училиште веднаш ја затворивме кујната, го спречивме топлиот оброк, дел од учениците од целодневна настава беа испратени дома, бидејќи не може да останат долго време без топол оброк – истакна директорот на училиштето, Александар Филипчев во изјава за медиумите 

 

Ученици од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ се пожалиле на стомачни тегоби, дијареја и повраќање. Дел од родителите на учениците реагирале дека по оброкот за ручек, од вчера до денеска, многу од нивните деца се жалеле на здравствени проблеми. Тие посочуваат дека постои сомнеж за труење со храната, која се доставува од надворешна фирма.

Директорот на училиштето, Александар Филипчев, во изјава за медиумите наведе дека од 360 ученици кои се хранат во целодневна настава, околу 140 ученици биле со исти или слични симптоми.

– Во раните утрински часови одреден број од наставниците пријавија зголемен број отсутни ученици со исти симптоми. Како училиште веднаш ја затворивме кујната, го спречивме топлиот оброк, дел од учениците од целодневна настава беа испратени дома бидејќи не може да останат долго време без топол оброк – истакна Филипчев.

Тој додаде дека случајот е пријавен до сите надлежни институции и дека е извршен вонреден инспекциски надзор.

– Ќе постапиме согласно законската регулатива – заклучи тој.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат велат дека од Центарот за јавно здравје – Скопје, се известени оти имаат сознанија за појава на стомачни тегоби кај повеќе ученици кои посетуваат настава во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, за кое постои сомнеж дека станува збор за труење со храна.

-Известени сме дека епидемиолозите направиле контакт со Универзитетските клиники за инфективни болести и за детски болести, но во овие здравствени установи не се јавиле на преглед ученици од наведеното училиште со стомачни тегоби –  потенцираат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Оттаму додаваат дека Одделението за епидемиологија на Центарот за јавно здравје било известено од страна на матичен лекар дека три деца, ученици во истото училиште, се јавиле на преглед и дека ќе достават пријави за заразно заболување.

-Откако од страна на Одделението за епидемиологија, по добиените пријави ќе се изврши епидемиолошка анкета, очекуваме како Инспекторат да бидеме известени од нивна страна дека се работи за епидемиско труење со храна ќе се постапи според протоколот – додаваат од ДСЗИ.

 (А.П.)