12. жртви на масовниот убиец од Цетиње: Ја ликвидирал сопствената сестра, цело семејство и две малолетни момчиња

207
EPA-EFE/STRINGER

Деветгодишниот Вукан и неговиот петгодишен брат Јован Вулетиќ се најмладите жртви на масовното злосторство во Цетиње, кое го изврши Ацо Мартиновиќ (45). Во крвавиот масакр убиен е и чичкото на момчињата Мирко Вулетиќ (45).

Ацо Мартиновиќ уби четири членови на едно семејство – Радован и Радмила Мартиновиќ и нивните синови, близнаците Милош и Марко Мартиновиќ во куќата на роднина во Бајице. Во куќата на Мартиновиќ тешко е ранета и сопругата на Марко, Марија (38).

Меѓу жртвите се Радомир Марковиќ (70), Јошо Оташевиќ (55), Бранислав Мудреша (60), Драгана Драшковиќ (53) и сестрата на убиецот Зорица Вулетиќ.

– Уби четири лица во кафана, па убил четиричлено семејство во куќата на Мартиновиќ во Бајице.

После тоа убил две деца во населбата Хумчи, а потоа го продолжил делото во Доњи Крај каде ја убил својата сестра и уште едно лице, се детали од истрагата.

Цело Цетиње ги оплакува своите најблиски, градот е излепен со умреници. Цетињани велат дека не можат да поверуваат оти убиецот повлекол пиштол врз своите роднини.

– Да ја убие сестра му?! Еј, близнаците што му се далечни братучеди, братучеди. Нечуено. Луд, не знам ни како да го наречам! Не знам што ни се случува?! Се прашувам што сме му згрешиле на Господ што ни зема само добри луѓе – коментираат очајните граѓани за црногорските медиуми.

ИЗДВОЕНИ