Во Холандија 12 лица се заразиле со хепатитис А откако вирусот дошол во контакт со боровинки. Според холандскиот портал Nu.nl, тоа можело да се случи бидејќи берачот на боровинки не ги измил рацете по користењето на тоалетот.
Загадените боровинки се продавале замрзнати во супермаркетите „Алберт Хајн“, спакувани во вреќи од еден килограм, пренесуваат холандските медиуми. Боровинките пристигнале од Полска, а рокот на траење на пакувањата бил 14 април 2026 година.
Еелко Франц, претставник на Холандскиот национален институт за јавно здравје и животна средина, рече дека во моментов може да се заразат стотици луѓе, додека малопродажниот синџир ги повика клиентите да ги вратат боровинките во продавницата.
Twelve people contracted hepatitis A after consuming frozen blueberries of the Dutch supermarket chain Albert Heijn, according to the country’s national institute of public health RIVM. Two required hospitalization, and the institute suspects hundreds may be infected. pic.twitter.com/PBdn100kk6
— MenaLive (@MenaLive_) January 14, 2025
Франц истакна дека двајца пациенти се хоспитализирани и се во тешка состојба. Според него, возраста на заболените се движи од 25 до 77 години. Според холандските медиуми, голем дел од заразените можеби не ни знаат дека се заразени, бидејќи некои се опоравуваат од хепатитис А во блага форма и можеби воопшто не бараат лекарска помош.
Првите пријави за заболени дојдоа од матичните лекари, а подоцна општинската здравствена служба потврди дека боровинките се причина за заразата. Експертот нагласи дека вирусот на хепатитис А не можел да навлезе во боровинките, туку бил присутен на нивната површина.