12-годишниот Омер од Кичево со тешки повреди откако го нападнале 10 бездомни кучиња

120

Дванаесетгодишниот Омер од Кичево повеќе од 15 минути се борел со околу 10 кучиња кои го нападнале во кичевската населба „Прилепска“. За него сега се грижат неговата тетка и сестра, бидејќи родителите го напуштиле.

Во моментот на инцидентот, зетот, сопругот на сестрата, бил таму за да му помогне, објави ТВ21.

Случајот е пријавен во полиција, а речиси секојдневно се добиваат слични пријави за кучиња скитници.

Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари вели дека е намален бројот на кучиња во градот Кичево.

-Им даваме инекции за да не бидат агресивни и за други работи, значи се третираат од секој аспект и е намален бројот на кучиња во градот Кичево и се надевам дека нема повеќе да носат, апелирам драгите градоначалници, да не носат кучиња, изјави Фатмир Дехари, градоначалник на општина Кичево.

 

ИЗДВОЕНИ