Успешно заврши проектот за скрининг на тироидната жлезда кај учениците од деветто оделение во сите основни училишта во Општина Аеродром.
-Станува збор за прв ваков скрининг во Македонија, што се спроведе изминатите неколку месеци по иницијатива и од страна на специјалистите во оваа област, д-р Синиша Стојаноски и д-р Невена Маневска – соопштија од Општина Аеродром.
Оттаму нагласуваат дека се прва општина во Македонија која што спроведе ваков вид превентивни прегледи, за кои, како што велат се надеваат дека ќе прераснат во редовна практика не само во оваа, туку и во други општини.
-Грижата за нашите деца и за нивното здравје е наш врвен приоритет и Општина Аеродром останува отворена за соработка со сите кои покажуваат интерес за создавање подобро утре за младите генерации – наведуваат од локалната самоуправа.