Засадени првите садници на плоштадот „Кузман Јосифовски Питу“

207

По повод роденденот на Општина Карпош, 3 Ноември, денеска на плоштадот „Кузман Јосифовски Питу”, беа засадени првите садници во рамки на есенското зазеленување.

Од Општина Карпош информираат дека во оваа еко-акција, предвидени се да се засадат вкупно 346 садници и тоа листопадни и зимзелени дрвја од видот: горски јавор, каталпа, црвенолисна слива, албиција, црн јасен, багрем, џиновска туја, црвенолисен јавор, црвен костен, келројтерија, фотинија дрво и ликвидамбар.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски истакна дека секоја година се издвојуваат 1.400.000 денари.

-На пролет ќе ни останат уште 400 илјади денари за пролетно садење, за она што евентуално нема да ни успее во текот на зимата, за да се обнови. На овој начин би сакале да ја поттикнеме еколошката свест кај граѓаните, да ја чуваме зелената површина бидејќи нашиот Карпош е најзелена Општина во главниот град – нагласи Јакимовски.

Од буџетот на Општина Карпош, за есенската акција, издвоени се средства во износ од 1 милион денари за набавка на афтохтони и алохтони висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја.

ИЗДВОЕНИ