Водата во Скопје e квалитетна и безбедна за пиење

50

Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода. Тоа го потврдуваат анализите и испитувањата на примероците вода земени од повеќе мерни места низ градот, спроведени во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Од претпријатието информираат дека согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 17.02.2025 до 21.02.2025 година зема 198 примероци за физичко-хемиска и 198 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Скопје.

ИЗДВОЕНИ