Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода

16

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна вода за пиење. Тоа го потврдуваат анализите и испитувањата на примероците вода земени од повеќе мерни места низ градот, спроведени во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Од претпријатието информираат дека согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 10.09.2024 до 13.09.2024 година зема 164 примероци за физичко-хемиска и 164 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Скопје.