Протест за стопирање на изградбата на топилница за алуминиум кај селото Смолари

264

Невладината организација „Екодолина“ утре во 10:00 часот, пред зградата на Општина Ново Село, организира протест за стопирање на изградбата на тешка загадувачка индустрија Г1, односно топилница за алуминиум, која се гради на 80 метри од единствениот ископ за снабдување со вода за Ново Село. Освен тоа, тие реагираат и за неправилно издадена градежна дозвола за таа топилница, на земјиште со намена Г2 лесна незагадувачка индустрија, а објектот е во категоријата Г1, во подножјето на селото Смолари, зелениот бисер на Беласица.

Тие бараат да се објават сите документи, особено технолошките, да се поништи градежната дозвола, да ѝ се одземат ингеренциите на Општината за издавање градежни дозволи, да влезе државна ревизија и да ги прочешла целата Општина и нејзиното работење и градоначалникот да поднесе итна и неотповиклива оставка. Велат дека се добредојдени сите, од сите политички партии, но без никакви политички симболи, знамиња, ознаки.

– Овде се работи за чиста злоупотреба на службените овластувања, лични интереси, непочитувањето на законите и криминал. Бараме одговорност – велат од „Екодолина“.