Екипите на ЈП Комунална Хигиена вчеравечер отстраниле 60 кубни метри отпад од повеќе обемни диви депонии лоцирани во неколку скопски општини.
-Активностите се реализираа на улиците: „Васил Чакаларов“ и „Рузвелтова“ – во скопската општина Карпош и на булеварот „Македонско-косовска бригада“, во општината Чаир – информираа од претпријатието.
Оттаму додаваат дека утринава било забележано одлагање големи количини отпад од картонска амбалажа на две локации во централното градско подрачје и тоа на сообраќајна површина на булеварот „Кирил и Методиј“, како и на паркинг-просторот
лоциран на улицата „Димитрија Чуповски“.
-Непрописно одложениот отпад беше подигнат и транспортиран од страна на нашите екипите – потенцираат од ЈП Комунална Хигиена.