Почна изградбата на фекалната канализација во Ограѓе

45

Општина Илинден ја почна изградбата на фекалната канализација во  местото викано Ограѓе, населба Илинден.

Во рамки на проектот ќе се гради примарна мрежа за фекална канализација, во должина од 960 метри, при што ќе бидат опфатени домаќинствата од улиците: „3“, „5“, „7“, како и дел од улицата „2“.

Оваа мрежа на фекална канализација ќе се поврзе со пречистителната станица во населеното место Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека фекалната канализација ќе ги опфати домаќинствата кои немаат фекална канализација во тој дел од општината. Тој додаде дека инвестирањето во комуналната инфраструктура е од огромно значење за унапредувањето и заштитата на животната средина, со што се овозможува подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

За време на реализација на проектот, ќе се врши ископ и поставување на шахти и цевки за фекална канализација, при што, Општина Илинден апелира до граѓаните за соработка, почитување на поставената сигнализација и внимателност при движење во периодот кога се одвиваат градежните активности. Работите на терен ќе ги изведува фирмата „Ехи“ ДОО.