Почна изградбата на парк во местото викано „Областа“

23

Местото викано „Областа“ во Битола ќе добие нов парк. Жителите на овој дел на градот, ќе добијат нов простор за спортско рекреативни активности на површина од 550 квадратни метри кој вклучува поставување на урбана опрема и изградба на три игралишта: мало фудбалско, кошаркарско и игралиште за деца. Вкупната вредност на овој проект изнесува 2.499.240 денари.

Во овој дел на Битола, се реконструира и улицата „Нико Фундали“, проект со кој опфатена е мешовита канализација, водоводната мрежа и целосна реконструкција на постоечката коловозна лента со обновување на тротоарите.

Вкупно предвидени средства за реализација на овој проект се 12.628.225 денари, од кои за коловоз 7.506.051 денари, за водовод 2.443.398 денари и за мешовита канализација 2.678.776 денари.

Со комплетирањето на двата проекти, ќе се овозможи заокружување на една целина од инфраструктурни проекти кои значително ќе ги подобрат условите за граѓаните во овој дел на Битола.

 

ИЗДВОЕНИ