Општина Струмица ќе ја напушти Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). Градоначалникот на Општината, Костадин Костадинов на Фејсбук најави дека за тоа ќе подготви и официјален допис.
И градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски најави дека ќе и се придружат на Општина Струмица во напуштањето на ЗЕЛС.
–И така одамна се спремам да ја напуштиме ЗЕЛС. Нека си прават таму партиска забава –вели Јакимовски.
Тој посочи дека истото треба да го направи и градоначалничката на Градот Скопје, Данела Арсовска, оти градот е главен финасиер на ЗЕЛС, а за возврат не добива ништо.