Одбележани 60 години постоење на градинката „Пчелка 1“, наскоро започнува доградбата и реконструкцијата на објектот

144

Во присуство на Министерот за труд и социјална политика и Претседателот на советот на Општина Аеродром, денеска беше одбележан јубилеј – 60 години постоење на детската градинка „Пчелка 1“.

Со свечен настан подготвен од дечињата, беше одбележан јубилејот, но истовремено беше најавена реконструкцијата и доградбата на објектот, за што веќе е изготвено идејното решение, а наскоро ќе започне и проектирањето на објектот.

-Грижата за дечињата е во прв план, а реализацијата на проекти за подобрување на условите во детските градинки, важен приоритет на општината. Преку континуирани проекти и инвестиции овозможуваме повисоко ниво на социјална грижа и заштита – соопштија од Општина Аеродром