Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, одговори дека набавката на 100-120 автобуси на гас не е на ниво на желба откако скопската градоначалничка, Данела Арсовска, ја поздрави одлуката на Владата, нагласувајќи дека треба да се остави време да се види дали ќе се реализира тоа што го имаат ветено.
– Во соработка со Генералниот секретаријат и со Владата, правиме испитување на пазарот. Ова беше работа што требаше да ја прави ЈСП, но, за жал, состојбата е таква каква што е и тука треба да се коригираат многу закони во насока на одговорност на градоначалниците – рече Николоски во телевизиско гостување.
Тој објасни дека ќе се оди со повеќегодишна набавка за да не се оптовари буџетот наеднаш, затоа што, како што кажа, станува збор за голем износ на средства.
– Идејата е да се плаќа четири години на осум рати, на секои шест месеци. Ќе се набават 120 автобуси и најмалку 50 полначи и на овој начин ќе се решава сообраќајниот хаос што се случува. Мислам дека ова ќе биде чекор напред кон решавање на проблемот – заклучи Николоски.