Екипите на јавното претпријатие Комунална Хигиена изминатиот викенд отстраниле десетина диви депонии лоцирани во неколку скопски општини.
-Подигнати се 25 кубни метри градежен отпад одложен на јавни и
сообраќајни површини во општината Чаир, во близина на градинката „Фидани“, како и повеќе диви депонии на булеварот „Македонско-косовска бригада“, во населбата Топаана. Повторно е интервенирано и на булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска улица), каде што е отстранета обемна дива депонија лоцирана на аголот со улицата „Максут Садик“, во непосредна близина на Амбасадата на САД – информираа од ЈП Комунална Хигиена.
Од претпријатието додаваат дека нивни екипи отстраниле и неколку диви депонии лоцирани на улицата „Никола Пушкаров“, во општината Ѓорче Петров, како и на булеварот „Србија“,. во скопската општина Аеродром.