Вежбањето и тренингот доведуваат до најдобри резултати само кога се надополнуваат со здрава храна и многу вода. Поради тоа секој амбициозен вежбач интензивно се занимава со постојани прашања околу здравата исхрана
Фитнесот е одлична можност за одржување на здравјето и одлична мускулна дефиниција и убав изглед на телото. Исто така ја подобрува силата, го намалува стресот, ни овозможува убава енергија и превентивно нè штити од многу посериозни дегенеративни заболувања. Освен основните вежби за раздвижување на телото и дефинирањето на мускулите, постојат и вежби за поголеми мускули и поголема мускулна маса со кревање на поголем тежински товар.
За да се развие добра мускулатура потребно е да се тренира со одредена издржлива тежина. Во планот за тренирање се вметнуваат дополнителни активности, како што е крос трчање, возење велосипед и кардио. Вежбите за растегнување се со цел да се запази подвижноста и еластичноста на телото. Имено, многубројните различни физички активности го означуваат планот и здравата тренирачка шема.
Вежбањето и тренингот доведуваат до најдобри резултати само кога се надополнуват со здрава храна и многу вода. Поради тоа секој амбициозен вежбач интензивно се занимава со постојани прашања околу здравата исхрана.
За време на вежбањето дополнително во исхраната може да се додаде: спирулина, магнезиум, витамин Ц и Д, протеин чист 100% изолираност, елкарнитин и мала доза на креатин. Друг значаен елемент за успешен тренинг и успешно оформување на телото е исто така многу важен потребниот одмор и добриот сон.
Најдобро е да се вежба 3 или 6 пати во тековната недела
Вежбите да се запазат и да се вежба по поделба и комбинација на мускулните партии.
Примери: Гради со грб, бицепс со трицепс и подлактица, рамо и нозе посебно. Кардио да се прави 2 до 3 пати неделно наутро на гладно во комбинација со стомачни вежби.
Ако вежбате 3 пати неделно, правете го тренингот в понеделник среда и петок, додека пак вежбате секојдневно одморот правете го во недела.
Почетните вежби правете ги со тренер, додека диетите и правилните режими за исхрана почитувајте ги во координации само со стручен дипломиран нутриционист.
Внимавајте пред секој тренинг и загревајте се, овие препораки почитувајте ги се со цел да не дојде до доста посериозна повреда.
Важно е да знаете дека најголемите повреди се случуваат токму за време на спортските активности.
Превентивно, убаво и добро е едаш до двапати месечно да правите спортска масажа во времетраење од 1 час.
Масажата овозможува целосна релаксација и опуштање на воспалителните процеси на мускулите и ја подобрува целосно мускулатурата и психичката благосостојба.
Други дополнителни препораки за спорт се редовното пливање и најважно во зимскиот период како детоксификација на телото да правите исто така двапати месечно финска сауна во времетраење на двапати по 10 минути.
Пишува: Илија Жежов, дипломиран физиотерапевт и специјализант по здравствен фитнес