Директорката на НУУБ „Свети Климент Охридски“ – Битола, м-р Емилија Стефановска-Давкова, им подели енциклопедии и ваучери за бесплатно членство во библиотеката на учениците Емрулах Емруловски, Давор Ванчовски и Марко Пердуловски, како признание за нивната хуманост.
– Тројцата наши мали сограѓани покажаа вистинска добрина кога му укажаа помош на беспомошно лице, на улица. Овој чин на сочувство е потврда за вредностите кои се учат и негуваат во нашето општество. Нивниот пример ни покажува дека малите дела на добрина можат да имаат големо влијание на заедницата – истакнаа од библиотеката.
ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ – Битола им помогнал на дечињата при нивниот хуман гест со давање насоки и поддршка како да постапуваат во такви ситуации.
– Учиме од најмладите! Нивната хуманост не познава граници – потенцираат од библиотеката.