Берберот Ермин Чуљевиќ секој месец донира по еден дневен промет за Детска клиника!

158

– Првата акција „Се шишам и донирам“ беше на 8.1.2021 година. Тогаш го проширував дуќанот во Центар и решив кога веќе мене ми се насмеала среќата, да помогнам и јас некому. Тогаш ги донирав парите за едно дете на кое му беше потребна операција во Турција. Заедно со мојот тим одлучивме да дадеме колку можеме – вели Ермин.

Тој имал слично искуство со неговата ќерка, која лежела во Клиниката за детски болести, па како што вели знае како им е на оние кои бараат помош, па токму тоа било главниот двигател да го отвори своето срце и душа и да им поддава рака на оние на кои навистина им е потребна

Берберот Ермин Чуљевиќ, кој работи во берберскиот дуќан во Дебар Маало, и неговата хумана практика се пример кој треба да се следи.

Тој е пример за тоа како треба да се биде човек и да му се помогне на оној што е во неволја. За жал, ретки се луѓето како него. Тој, дневниот промет од еден ден во месецот го донира за децата кои се лекуваат во Клиниката за детски болести.

Поводот за неговото донирање бил отворање на новиот дуќан во Центар.

За весникот ВЕЧЕР, Ермин вели дека средствата биле наменети за дете на кое му била потребна помош.

– Првата акција „Се шишам и донирам“ беше на 8.1.2021 година. Тогаш го проширував дуќанот во Центар и решив кога веќе мене ми се насмеала среќата, да помогнам и јас некому. Тогаш ги донирав парите за едно дете, на кое му беше потребна операција во Турција. Заедно со мојот тим одлучивме да дадеме колку можеме – вели Ермин.

Тој имал слично искуство со неговата ќерка, која лежела на Клиниката за детски болести, па како што вели знае како им е на оние кои бараат помош, па токму тоа било главниот двигател да го отвори своето срце и душа и да им поддава рака на оние на кои навистина им е потребна.

-Мислам дека секој може еден ден од годината да одвои и да направи добро дело. Поголемите работи ги прават уште поголеми луѓето – потенцира Ермин.

Исто така, и тој се приклучил во давањето донација за лекувањето на Кико, кој требаше да замине во Турција, кога целата јавност стана на нозе, а кој, за жал, не успеа да се справи со ретката и тешка болест.

Годинава и официјално станал полнолетен во берберско-фризерската индустрија. Со оваа работа се занимава од неговата 15 година.

-Почнав како асистент или народно кажано како чирак, а сега веќе сум сопственик на две берберници, од кои едната во Дебар Маало, додека другата во Тафталиџе – раскажува Ермин.

Тој додава дека ќе продолжи со хуманитарни активности, но планира тоа да биде на повисоко ниво.

-Би сакал да се соберат повеќе средства, со тоа што и останатите мои колеги и сопственици на бизниси би се вклучиле во вакви акции. Убаво е чувството да му помогнеш кому било и како било – наведува Ермин.

Тој е единствениот во потесниот круг на семејството што се занимава со оваа професија.

-Јас сум речиси прв, сакав да одвојувам и да бидам посебен. Затоа и секогаш гледам да бидам иновативен и поразличен од другите во работата и сум прв во државата со сопствена апликација за онлајн закажување – заклучи Ермин.

Знаеме дека најинтересните приказни се раскажуваат во берберницата, но Ермин не сакаше да ни пренесе некоја од поинтересните, затоа што како што рече на шега: „Она што се случува кај берберот, останува кај берберот“.

Кај него се потстрижа и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

(А.П.)