Јaвното претпријатие „Водовод и канализација“ ги известува граѓаните на град Скопје, дека е во тек акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање.
Акцијата за отплата на долговите на рати без камата е со определено времетраење и започнува од 17.02.2025 година, а завршува заклучно со 02.04.2025 година.
Од претпријатието ги повикуваат сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата.
-Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје – инфромираат од ЈП „Водовод и канализација“.
По истекот на овој период одлуката престанува да важи. За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП „Водовод и канализација“, граѓаните можат да се обратата на телефонските вроеви: 02 3073 010 – Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300 – Дирекција или на: kontakt@vodovod- skopje.com.mk; www.vodovod-skopje.com.mk; www.facebook.com/jpvodovod.skopje