Платформата „Х“ блокираше некои профили на опозициски активисти во Турција

192
Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Платформата X на милијардерот Илон Маск суспендираше неколку профили на опозициски активисти во Турција, пишува бриселски Politico.

Суспендирањето на профилите дојде откако избија демонстрации поради апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој беше уапсен неколку часа пред да биде номиниран за кандидат на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП) за претседател на Турција.

Протестите на опозицијата, и покрај четиридневната забрана за собири, главно беа предводени од студенти и активисти, од кои на многумина сега им се суспендирани профилите, објавија локалните медиуми.

„Повеќето од суспендираните профили им припаѓаат на активисти поврзани со универзитетите кои споделуваа информации за протести и локации каде студентите би можеле да се соберат“, рече аналитичарот Јусуф Кан.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на X изјави дека властите откриле 326 профили на социјалните мрежи кои, како што наведе, поттикнуваат омраза, од кои 72 се надвор од Турција.

Координирана акција меѓу сајбер и безбедносните власти резултираше со апсење на 54 осомничени, рече тој.

ИЗДВОЕНИ