Уапсен бизнисменот Ратко Капушевски?

1399

Неофицијално уапсен е поранешниот директор на спортскиот центар „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски“, од времето на Никола Груевски. Според информациите од ОЈО за организиран криминал и корупција, полицијата и натаму врши претрес.

-Попладнево под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, БЈБ и МВР извршуваат претреси на повеќе локации низ државава.. Претресите се со Наредба на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, а во врска со сторени кривични дела поврзани со набавка на деривати. Подетални информации ќе бидат споделени во текот на утрешниот ден, соопштија кусо од ОЈОГОКК

Името на Капушевски во минатото се поврзуваше со скапи набавки на мазут за државната ЕСМ преку неколку негови фирми. Дел од медиумите акцијата ја поврзуваат токму со квалитетот на мазутот и зголеменото аерозагадување.
Во своите рани дваесетти години доби директорска позиција во салата „Борис Трајковски“ и важеше за човек од доверба на Груевски. Беше назначен на повеќе управувачки позиции кај бизнисменот Сергеј Самсоненко, за потоа во 2019 година почна да се занимава со нафтениот бизнис.

ИЗДВОЕНИ