Средба Божиновска – Де Роса

24

Министерката за енергетика рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска оствари средба со заменик шефот на мисијата на Италијанската амбасада во
Македонија, Марио Де Роса и претставници на Италијанската банка за развој (ЦДП -Cassa Depositi e Prestiti), која преку својот пристап до фондовите на WBIF, имаат за цел да се зајакне социо-економскиот развој на регионот и да придонесе за европската
перспектива на Западен Балкан, обезбедува инвестициски грантови и техничка помош
посебно на компании во државна сопственост.

За таа цел е отворена и канцеларија во Белград, наменета за целиот регион на Западен Балкан.

– Соговорниците подетално ме запознаа со нивните активности и деловната стратегија што ќе ја спроведат со цел да се обезбеди поддршка на јавниот и приватниот сектор во нашата земја во областа на одржливиот и инклузивен развој. Се разговараше за потенцијалот за соработка во повеќе области, со посебен фокус на енергетиката и зелената транзиција – вели Божиновска.