Единаесетгодишен ученик од Основното училиште Гоце Делчев во Прилеп, преку прозорец од трет кат паднал во училишниот двор. Ученикот веднаш е префлен во прилепска болница а од таму итно е испратен и хоспитализиран во Клиниката за детска хирургија во Скопје.
Состојбата на детето е стабилна и детето е надвор од животна опасност вели за Канал 5 директорот на детска хирургија Лазар Јовчевски.
Според него детето има повреда на пршлените и скршеници на петиците на нозете. Како што пренесе Канал 5 несреќата се случила во втората смена на големиот одмор кога сите ученици биле излезени во дворот.